Во Бугарија за 24 часа починале 203 заразени со Ковид-19

by fokus

Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани 203 починати од ковид-19, според официјалните владини податоци. Меѓу починатите се двајца мажи на 21 и 25 години.

Новозаразени се 4.497 од направени 9.044 тестови.

Изминатите 24 часа во Бугарија се вакцинирани 9.006, со што вкупниот број достигна 445.547, од кои 90.327 примиле по две дози.

Поврзани новости