Во Буџетот има пари за исплата на шестиот пакет економски мерки, тврди Заев

by fokus 15:18
15:18

Државата е финансиски ликвидна и стабилна и во Буџетот има доволно средства за исплата на шестиот пакет економски мерки за туристичко – угостителскиот сектор во вредност од 17,8 милиони евра, оцени денеска премиерот Зоран Заев.

– Буџетот е финансиски ликвиден и државата е солвентна. Приходите во државата редовно се наплаќаат и се зголемени во текот на март и април. Средства има и од обезбедените кредитни линии коишто ги имаме, а на располагање се и средствата од продажбата на еврообврзницата од 700 милиони евра со историски најниска камата од 1,625 проценти. Од нив во јуни 500 милиони враќаме за стара обврзница, а другите се токму за покривање на буџетските потреби. Исто така, и од домашниот пазар обезбедивме 100 милиони во редовните планови, затоа бројките се поклопуваат согласно планот и Буџетот, рече Заев во одговор на прашање по пуштањето во употреба на фотоволтаичната централа во село Теново, Општина Брвеница.

- Advertisements -

Најголем дел од средствата, потенцира, ги обезбедуваме од штедење на не така продуктивните трошоци во државата.

-Лани го правевме тоа и оваа година го правиме. Секаде се крати и денеска апелирам до сите министерства да преземат чекори на кратење на не така продуктивни трошоци или не така итни или важни трошоци во своите портфолија или буџети, рече Заев.

Предвидените 17,8 милиони евра за туристичко – угостителскиот сектор, како што кажа, се соодветни.

-На затворените објекти им даваме 30 отсто од просечниот месечен приход којшто го вадиме за цела 2019 и 2020 година, 24 месеци поделуваме на 24 и го вадиме просекот. Тие 30 отсто за неработење ги даваме заради тоа што треба да платат кирија, стигаат комуналните сметки, стигаат сметките за струја, но дополнително ја даваме и најновата минимална плата 15.200 денари. Ги помагаме со исти средства рестораните за свадба, игротеките, туристичките агенции и сите други, посочи Заев.

За методологијата по која ќе се делат парите од шестиот пакет министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека ќе се земе во предвид просекот на приходите од 2019 и 2020 година и ќе се земат деновите колку што биле затворени угостителските објекти и врз основа на тоа 30 отсто од трошокот ќе преземе Владата.

Поврзани новости