Во Унгарија само 1% од вакцинираните по првата доза се заразиле со Ковид-19

by fokus

Унгарските податоци покажуваат дека само еден отсто од вакцинираните со единечна доза се заразиле со коронавирус, јавија унгарски медиуми цитирајќи го шефот на Кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Процентот е уште помал кај оние кои ја примиле втората доза.

Унгарија досега дала барем една доза вакцина против коронавирус на речиси 35 отсто од населението. Унгарија се очекува да отвори ресторани со тераси и да го намали од сабота полицискиот час.

Досега се регистрирани 760.967 случаи на коронавирус во земјата и 26.001 смртни случаи.Во болница се примени 7.500 пациенти, 876 биле на респиратори.

Поврзани новости