Рашковски потрошил 15 милиони евра за софтверски лиценци во повторена постапка со избришани критериуми

by Фокус 15:23
15:23

Непосредно пред да ја напушти функцијата генерален секретар на владата, во време кога се уште не беше избрана новата влада од страна на парламентот, Драги Рашковски склучил договор за набавка на софтверски лиценци во износ од 952 милиони денари или над 15 милиони евра, објави  најновиот број на неделникот Фокус.

Во име на владиниот генерален секретаријат, Рашковски лани во август го склучил договорот за софтверски лиценци во времетраење од 3 години со конзорциумот составен од „Аитоникс“ и „Крејон“ во повторена постапка, откако првата постапка била поништена.

- Advertisements -

Имено, првата постапка била поништена по жалба на „Нектсенс“ до Комисијата за жалби по јавни набавки, по што секретаријатот веднаш отпочнува нова тендерска постапка, во која се избришани сите услови во поглед на техничката и професионалната способнст на компаниите наведени во тендерската документацијата во првата неуспешна постапка.

Така, во рамки на втората постапка е склучен договор со „Аитоникс-Крејон“, кои добиле милионски тендер со понудена пониска цена од само 200 евра, во конкуренција на „Комтрејд“.

Врз основа на овој договор за јавна набавка, сите средства во првата година се исплатени кон „Крејон“, која се до овој тендер имала нула приходи и расходи.

Инаку, сопственикот на АД „Аитоникс“, Јордан Димитровски, поседува уште една ИТ-компанија – „Латрошн Солушнс“, која најголемиот тендер го добила исто така од генералниот секретаријат предводен од Рашковски, чија вредност надминува 10 милиони денари.

Целиот текст прочитајте го новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Влатко Стојановски

 

Поврзани новости