Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 797 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот и има околу 518 празни болнички кревети.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјава надвор од Скопје е пријавено дека се лекуваат вкупно 442 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. На инфективните оддели во главниот град вкупно 355 се лекуваат лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.
Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти позитивни и суспектни на Кoовид-19, соопшти Министерството за здравство.
Како што додава МЗ, бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението на Министерството за здравство.