Насер Зибери кандидат за Народен правобранител по предлог на ДУИ

by fokus

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди листата на пријавени кандидати за избор на претседател и членови на ДИК, а на предлог на ДУИ, Насер Зибер со седум гласа „за“ е утврден за предлог-кандидат за народен правобранител.

На огласот за народен правобранител, што беше распишан на крајот на ноември, пристигнале четири кандидатури. Првично беа кандидирани петмина, но во меѓувреме најверојатно некој се откажал.

Петмина кандидати за нов Народен правобранител, меѓу нив Насер Зибери и Фехми Стафа

Пратеничката од ДУИ Теута Биљали Зендели на седницата предложи Насер Зибери да биде утврден како кандидат на Комисијата за народен правобранител.

По ова реагираше пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Сурија Рушити од Алијанса на Албанците седницата побара да биде прекината постапката за избор на народен правобранител и да се разговара за друг кандидат, кој би бил предложен од партиите во опозиција на Албанците. Од АА и Алтернатива велат дека на Зибери му била ветена оваа фунција уште пред изборите, кога се нафатил да биде премиерски кадидат на ДУИ.

Ако предлогот помина на седница, Зибери ќе биде наследник на Иџет Мемети кој 16 години беше на чело на институцијата Народен правобранител, а сега стана член на Советот на јавни обвинители.

Иџет Мемети се спрема за член на Советот на јавни обвинители

Поврзани новости