Во штипската клиничка болница во моментов се сместени 50 заразени лица со ковид-19, а во градот има 579 лица кои се наоѓаат во изолација.
Ова денеска го пренесе штипскиот градоначалник Благој Бочварски во изјава за медиумите.
„Штип се соочува со третиот бран на вирусот и бројките не смеат никако да се потценат туку мора да се вклучи алармот, сите капацитети да се стават во функција, како и претпазливоста кај граѓаните. Ниту еден граѓанин не посакува враќање на овие состојби во градот, но сакам да ја искористам оваа прилика и да побарам највисока одговорност за себе. Иако Општина Штип не носи одлука за карантин и полициски, сакам да кажам свој став дека сум оптимист и дека ќе успееме да го пребродиме овој бран без да се случи какво било затворање на градот“, истакна Бочварски.