Во болница се лекуваат 636 пациенти заразени со Ковид-19

by fokus

На инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава се хоспитализирани вкупно 636 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти поради компликации од вирусот, а на инфективните клиники вкупно се лекуваат 261 лице. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 6 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 15 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот, посочија од Министерството.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка.

Од Министерството дополнуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во изминатите 24 часа во ковид–центрите во болниците низ другите градови во земјава пријавено дека се лекуваат вкупно 375 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 42 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 50, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 25 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 48, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

-Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Поврзани новости