Во моментов во болниците се лекуваат 408 заразени од Ковид-19, од кои шсетмина се на респиратор.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 родители позитивни на ковид-19, а нема хоспитализирани суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на Ковид-19.