Калајџиев: Се надевам дека нема да има некоја ујдурма или влијание од баџанакот на Мијалков во Стразбур

by fokus

Не треба да се биде пророк, туку да се познава правото за да се предвиди текот на предметите на СЈО, кои стигнаа пред Судот за човекови права во Стразбур, каде што обвинетите бараат аболицијата на Иванов да важи, истакна универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

-Се гледа од почеток дека имало проблеми, а сите се правеле на „тошо“ и кога ќе дојде нож до коска тогаш решаваме, а тоа е исто како студент кој учи на три дена пред испит. Сега на државата и останува да докаже дека стануваше збор за сериозно кршење на човекови права во Македонија, за кои не се дава помилување или амнестија. Треба да се покаже тоталитетот на случаите, извештаи на Прибе, на ЕУ, вели Калајџиев.

Според него невообичаено е што десет слични предмети се поделени во две групи.

-Се надевам дека не е некоја ујдурма во кулоарите на Стразбур или влијание на нашиот претставник Јован Илиевски, баџанак на Сашо Мијалков. Тој и да се изземе, со самото седење и дружење со колегите во судот може да влијае… вели Калајџиев.

Поврзани новости