Две лица се уапсени, откако во близина на Охрид биле пронајдени 1243 стебла канабис, информираат од МВР.
„Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал заедно со СВР Охрид на 14.06.2021 на подрачјето на Охрид лишија од слобода две лица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против нив од страна на СВР Охрид е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Охрид, по што ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен Суд Охрид. Имено, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, работејќи на полето на сузбивање на организирани криминални групи кои вршат производство и недозволена трговија со наркотични дроги на национално и меѓународно ниво, заедно со полициски службеници од СВР Охрид спроведоа заедничка координирана акција на подрачјето на Охрид, при што во близина на болницата „Свети Еразмо“ во Охрид беа пронајдени и запленети 1243 стебла Канабис сатива“, велат од МВР.