Екс-маринец со молба до Џо Бајден

by Fokus

Семејството на поранешниот американски маринец, Пол Вилан, синоќа ја објави неговата молба до претседателот Џо Бајден во која бара тој да се заложи за негово ослободување во текот на утрешниот самит со претседателот на Русија, Владимир Путин. Вилан во Русија е осуден на 16 години затвор. 

-Ве молам да ставите крај на овој ужасен случај на дипломатија на заложници. Јас сум невин, немаше никакво злосторство поврзано со шпионажа. Тајниот суд без докази ги докажува тие факти, изјави Пол Вилан во аудио снимка предадена од неговото семејство. 

Поврзани новости