Во автомобил на Косовец кај Радишани пронајдени повеќе пакети со лекови

by fokus

Државјанин на Косово во текот на вчерашниот ден бил приведен во ПС Чаир, откако во неговиот автомобил биле пронајдени повеќе пакети со лекови, пренесе МВР.

„На 12.02.2019 година во 18.45 часот на клучка Радишани-oбиколница во Скопје полициски службеници запреле патничко возило „Опел“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Р.А. од Косово. При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, казниво по член 277 од Кривичниот законик, Р.А. бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости