Шекеринска од Брисел: Го оставаме минатото на изолацијата зад нас и зачекоруваме кон иднината како дел од семејството на Алијансата!

by fokus

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска присуствува на министерскиот состанок на НАТО.

Ова е првиот состанок на членките на НАТО во 2019 година и прв состанок на кој Македонија ќе седне рамо до рамо со своите сојузнички од Алијансата откако беше потпишан пристапниот протокол за членство минатата недела.

„Денеска е голем ден! Денеска го заземаме нашето место на масата на НАТО. Го оставаме минатото на изолација зад нас и зачекоруваме кон иднината како дел од семејството на Алијансата“, напиша Шекеринска на својот Твитер налог.

Поврзани новости