Композиторот Ристо Вешков, кој што со децении живее во Њу Џерси, Америка, денес не контактираше да ни раскаже како поминало гласањето таму. Вели дека тој гласал без проблем, но негови пријатели мистериозно ,,исчезнале’’ од списокот, и сакал да ја алармира јавноста во Македонија за тоа.
„Отидов да гласам околу 15:30 по американско време, убаво беше средено, пред кратко време нашиот конзулат изнајмил простории на адреса 100 Challenger Rd,Suit 112, Ridgefield Park.New Jersey. Значи, повеќе не е во Њујорк, и тоа е многу убаво. Кириите овде се поевтини од Њујорк, а и има многу голем паркинг, што е голем проблем во Њујорк. Отидов да гласам, ми го скенираа македонскиот пасош, ме најдоа на листата дека сум пријавен, потпишав, и ми дадоа листа за гласање. Сам, без никој да ме гледа заокружив, го свиткав ливчето неколку пати и го ставив во кутијата за гласање. Никој ниту ме праша за кого ќе гласам, ниту некој ми сугерираше за кого да гласам. Тоа беше се во ред, но кога слегнав долу во рецепцијата каде што беа луѓе од организацијата разбрав некои информации.
Значи до 16:00 дошле околу 300 гласачи од 1100 пријавени за гласење. Но дознав и друга инфомеција. Мој пријател од Скопје дојде со жена му да гласаат, пријателот ја пријавил жена му ,ќерка му и зет му, но само тој можеше да гласа, а другите ги немаше на спискот за гласање. Приговараа и еден од организаторите им рече дека нешто има грешка, и дека не се први со овој проблем! Пред нив веќе имало 30 гласачи со исти проблем! Е сега, не сум сигурен дали и тие тројцата се вклучени во тие 30, или имало 30 без нив.
Потоа дојде еден мој стар пријател и татков пријател со син му. Тој е тука уште од 1962 или 63 година. И тие не биле на списокот за гласање, но тие не се пријавиле за ова гласање мислејќи дека не треба. Така помислиле бидејќи за гласање во Америка не треба на секое гласање да се пријавуваш. Еве пример со мене – јас еднас сум пријавен за американско гласање и повеќе не се пријавувам. Кога бев да гласам за Трамп или Клинтон, само им го кажав моето име, ме пронајдоа и ми дадоа право да гласам. Ниту ми побараа лична карта или пасош“- раскажа за „Фокус“ Вешков.
Вики Клинчарова