787
Денеска попладне во 18 часот пред Собранието на РМ ќе почне граѓански протест за интерпелација на Никола Тодоров.
– Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лечи! Да му кажеме на министерот „Смрт“ дека дојде времето да ја понесе одговорноста и самиот да си замине од оваа одговорна функција. Воедно, сакаме да ги охрабриме и пратениците од власта да гласаат за оваа интерпелација со што ќе спречат нови жртви во здравството и ќе покажат дека навистина се залагаат за едно модерно и ефикасно здравство. Затоа ве повикуваме сите вас, граѓани на Република Македонија на Граѓански протест за интерпелација на Никола ТодорOFF! – повикуваат организаторите преку својата страница на фејсбук.