Денеска во 12 часот интерпелација за министерот Тодоров

by Фокус

Собранието денеска ќе распарава за Интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров, поднесена од пратеичката група на СДСМ.

Тие го обвинуваат министерот дека поради неговото лошо владеење со ресорното министерство, причината се системските проблеми и хаосот во здравството што резултира со трагични последици врз граѓаните и врз пациентите.

Според нив, Тодоров треба да понесе одговорност за несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем, со ресурсите, немањето стратегија за развој.

Поврзани новости