Во 18 часот дебата во Кампот пред Влада: Каква Македонија сакаме?

by Фокус

Граѓанската коалиција „Граѓаните за Македонија” денеска во 18 часот, на централната бина во протестниот камп пред Владата на Република Македонија, ќе одржи дебата .

На дебатата ќе се обратат претставници на граѓански организации и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со свои визии и позиции во врска со прашањето „Каква Македонија сакаме после излезот од политичката криза?“.

Модератор ќе биде Марјан Забрчанец, Платформа за граѓанска политика “Ајде!”

Говорници:

– Зоран ЗАЕВ, претседател на СДСМ;
– Наталија ПОПОВСКА, Транспарентност Македонија (област: транспарентност на институции и трошење јавни пари);
– Мухамед ЗЕКИРИ, новинар (област: медиуми);
– Дона КОСТУРАНОВА, Национален младински совет на Македонија (област: млади);
– Ирена СТЕФОСКА, Vox Academica (област: образование);
– Никола ПИСАРЕВ, Центар за современи уметности (област: проблеми на локално население);
– Уранија ПИРОВСКА, Хелсиншки комитет за човекови права (област: судство и правна држава);
– Славчо ДИМИТРОВ, Коалиција “Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници” (област: човекови права);
– Владимир ЛАЗАРЕВИК, Хелтгрупер (област: здравство)

Поврзани новости