Пандов и Петровски бараат Груевски да ја отфрли оставката на Мијалков

by Фокус 12:17
12:17

Александар Пандов и Филип Петровски, поранешни пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и некогаш високи функционери на оваа партијата, кои во последно време во јавноста настапуваат со коментари и анализи во поддршка на актуелната влада, побараа премиерот Никола Груевски да ја отфрли оставката на Сашо Мијалков од директорската позицијата во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР.

„Ако некој човек успеа да го врати респектот и угледот на македонската полиција тоа секако е токму Сашо Мијалков. Мислам дека е крајно непотребно да се набројуваат сите акции кој се спроведени, но на секого му е јасно дека секој криминалец во Македонија, а знам дека е така и во нејзиното соседство, со шепот го изговараат неговото име. Мијалков е македонскиот Елиот Нес“, напиша на неговиот фејсбук профил Пандов.

- Advertisements -

Петровски, пак, порача дека Мијалков мора да остане шеф на тајната полиција поради тоа што, истакна тој, да не ликуваат непријателите на македонското револуционерно дело.

„Со Сашо Мијалков се знам повеќе од 20 години. Од самите почетоци на партијата. Многу пати сме зборувале за македонштината, за патриотизмот, за иднината на нашата држава. Заеднички именител на сите тие наши разговори е еден – нема отстапување од македонските национални интересу. Она што сега го правиме оди во вечните времиња и станува неизбришлив дел од историјата“, нагласи Петровски.

Инаку, владата утре треба да го одбере наследникот на Мијалков, како и новиот шеф на Бирото за јавна безбедност, откако Митко Чавков го испразни по изборот за нов министер за внатрешни работи.

Поврзани новости