465
Претседателот Ѓорге Иванов, за денеска во 17 часот свика седница на Советот за безбедност, во проширен состав.Освен членовите на Советот за безбедност, Иванов на седница, како што се нагласува од неговиот Кабинет, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и лидерите на СДСМ, на ДУИ и на ДПА, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи.
По завршувањето на седницата, од претседателскиот Кабинет најавија дека Иванов ќе се обрати до граѓаните на Република Македонија.