Во 17 часот протест против загадениот воздух

by fokus

Граѓани и еко активисти денеска во 17 часот организираат протест загадувањето на воздухот, кое изминатиов период достигнуваше и до 20 пати над дозволеното. Протестот ќе започне во Градскиот парк, ќе продолжи пред Град Скопје и ќе заврши пред Владата.

-Загадувањето на воздухот е најголемо досега! Дури и до 20 пати над нормалата! Болестите и смртноста поради загадениот воздух драстично се зголемуваат. Најмногу страдаат децата, кои секојдневно се движат одејќи на училиште или во градинка, но и сите граѓани кои живеат и работат во Скопје. А локалните и централните власти не преземаат ништо! Демонстрираат целосна негрижа за здравјето и за животот на населението. Не смееме да молчиме. Ако се сакаме себеси и своите најблиски, мора да излеземе на протест и да побараме итни мерки за чист воздух, се вели на фејсбук-најавата за протестот.

Оранизаторите на протестот ќе упатат 12 барања до надлежните, како: воведување систем пар-непар за возење, забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови, бесплатен градски превоз цела зима, зголемен број на инспекции, обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми, како и привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети.

Поврзани новости