Ахмети: Нема разговори за коалицирање ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со СДСМ

by fokus

ДУИ е фокусирана на соработката со албанските парламентарни партии околу заедничката национална платформа, додека моментално нема разговори за коалициска влада ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту пак со СДСМ, но единствениот дијалог кој го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и албанските партии, му соопштил Али Ахмети на амбасадорот на Шведска во Македонија, Мат Стафансон на денешната средба, соопштуваат од ДУИ.

-Ахмети ги образложи програмските ставови на ДУИ велејќи дека еднаквоста во земјата го прави општеството постабилно, додека одговорноста за решавање на спорот за името, интеграцијата, реформите, добрите меѓуетнички односи треба да ги преземат сите, велат од ДУИ.

Ахмети и Стефансон разговарале и за регионалните и глобалните геополитички случувања како и нивното влијание врз Македонија.

Поврзани новости