Во 16 часот на плато за одбрана на УКИМ

by Фокус

Откако Владата најави дека ќе гради два факултети во кампусот на Универзитот Св. Кирил и Методиј и притоа тие ќе бидат во барок, се разбуди Студентскиот пленум. Реагираа дека факултети во барок се навреда за студентите, а сечењето на дрвата на кампусот кое се случи изминатата ноќ ги испровоцира уште повеќе.

Студентскиот пленум ги повика сите студенти денеска да дојдат на платото на Универзитетот за да го одбранат. Се уште не се знае што точно ќе се случува на овој собир, но најверојатно студентите ќе одржат и трибина на која ќе разговараат за новонастанатата ситуација и идните постапки.

-Ни треба вашата поддршка за да го одбраниме УКИМ! Во 16 часот на плато! Заедно сме посилни! ‎ПоздравПленумци‬, пишува на страницата на Студентскиот пленум.

Поврзани новости