„Македонија после Груевизмот- Либерални решенија“: Власта ја игнорира еколошката агенда

by Фокус

ЛДП вчера одржа трибина во Свети Николе, која е дел од серијалот „Македонија после Груевизмот- Либерални решенија“. На трибината се разговараше за проблемот со загадувањето, а заклучено беше дека непланското градење, прекумерната сеча на шумите, лошото управување со отпадот, што доведува до безмилосно и безобзирно уништување на природата, се причините за загадениот воздух.

-Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ има низа обврски во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина. Извештаите на Европската Комисија за напредокот на Македонија, изготвени во последните пет години, јасно укажуваат дека Владата ја запоставува еколошката агенда. За жал, власта не придава големо значење на овие добронамерни сугестии, рече потпретседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ.

ОдЛДП укажаа дека јавниот превоз во големите градови, како што се Белград, Софија, Загреб и Љубљана, се’ повеќе се ориентира на автобуси кои користат електрична енергија, природен гас, односно метан, како и на трамвајски превоз.

Поврзани новости