СДСМ: Кој го финансира „Курир“?

by Фокус

-Со недели нема одговор што навистина е Курир, информативна агенција, интернет портал, агенција-партија? Нема одговор ниту на прашањето кој го финансира „Курир“? Поврзаноста на фирмата сопственик на „Курир“ ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, со Сашо Мијалков, братучедот на Никола Груевски, преку фирмата НВСП отвора уште една димензија, се вели со соопштението на СДСМ.

Во соопштението од СДСМ објаснуваат дека НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто во проектот Вистината за Македонија, како што тврдат од опозициската партија, се покажало дека стои лично братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

-Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Проектот Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП, кадешто сопственик е Владислав Стајковиќ, е дел од провизијата од 540 илјади евра што Сашо Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел, стои во соопштенито на СДСМ.

Поврзани новости