Во 12 градови веќе нема активни случаи на корона вирус, утре почнува масовниот скрининг

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека заклучно со денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на КОВИД-19.

Тој апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да се задржи овој тренд.

– Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скриниг – започнуваме со вработените во детските градинки, пишува Филипче.

Поврзани новости