639
Внуката на британската кралица Елизабета, Лејди Луиз Виндзор, која е 16-та во редот за тронот, во јули го заврши своето средно образование, а сега ќе студира англиска книжевност на „University of St Andrews“ во Шкотска.
Осумнаесет годишната ќерка на принцот Едвард и Софи Весекс, за време на летото решила да работи во градинарски центар за речиси минимална плата.
Таа заработува 6,63 фунти на час работејќи неколку дена во неделата, иако живееше во замок вреден 30 милиони фунти во Багшот Парк, Сари. Лејди Луиз помагала во градината, ги поздравувала клиентите и засадувала растенија.