Утрешните избори очекуваме да поминат во најдобар ред, вели Даштевски

by Фокус

Очекуваме утре изборите да поминат во најдобар ред, а за тоа да биде уште подобро, цела недела во Одделението на Државната изборна комисија се одржуваа обуки и претходно беа извршени и измени на членовите кои дадоа оставка или веќе не се дел од општинските комисии, информираше претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Тој на Сител соопшти дека за утрешните избори на избирачкиот список има пријавено 101.000 лице.

Во 09:30 часот, ДИК ќе одржи прес-конференција за излезноста, а околу 12:30 часот членови на ДИК ќе присуствуваат на самото место на гласање во Тетово, каде исто така ќе се одржи прес-конференција по што ќе бидат посетени и Маврово-Ростуше и Центар Жупа.

Во 19:30 часот е предвидено ДИК да одржи прес-конференција за првичните резултати за излезноста.

Во врска со малата излезност во Маврово Ростуше и Центар Жупа, претседателот на ДИК посочи дека се работи за области каде што голем дел од граѓаните се заминати надвор од државата.

-Има кандидати во сите општини, претходно немаше. Во Маврово Ростуше има двајца кандидати, а Центар Жупа има само еден кандидат. Минатиот пат имаше еден и се откажа и немаше избори. Бидејќи сега има еден кандидат ќе се гласа за тој и ќе му треба една третина излезност и да освои 50 проценти од гласовите плус еден. Во Маврово Ростуше каде што има двајца, се смета дека ќе се одлучи во првиот круг – рече Даштевски.

Поврзани новости