1.1K
Во Младинскиот културен центар во Скопје, пред бројни посетители и поддржувачи се одржува прославата на 23 октомври – Денот на ВМРО, организирана од поддржувачите на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.
Настанот започна со цитати за демократијата, македонската химна како и со специјален поздрав до ветераните на ВМРО-ДПМНЕ.
Уште на почетокот беше истакнато дека во публиката се наоѓа Тодор Александров, внук од син на еден од водачите на историското ВМРО, Александров.