Груевски: Марионетската власт на СДСМ го уапси Темелко, а ќе ги ослободи убијците на децата кај Смилковското езеро

by Фокус

Оваа власт на СДСМ е марионетска власт, која ја други сили ја инсталираа во Македонија и овозможија да ги фалсификува локалните избори, за да им личи на граѓаните дека таа власт е многу силна и дека има голема поддршка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Карбинци.

-Красниќи на слобода, а Едмонд Темелко, човек кој што е борец за човекови права на Македонците во Албанија, во затвор. Убијците на децата во Смилковското езеро ќе ги пуштаат на слобода, а оној јаден дедо за кубење коса, четири години затвор… Народот ги гледа и допрва ќе ги види, но нема долго да ги издржи, ова нема долго да трае, ќе помине некое време, ќе помине нивната употребна вредност на оние кои ги инсталираа како марионетска власт и народот ќе најде начин да го реши проблемот со овие луѓе, на чело со ВМРО-ДПМНЕ на власт – изјави Груевски.

Поврзани новости