Реформаторите на ВМРО бараат смена на Груевски и најавуваат напуштање на белиот дворец

by Фокус

Иницијаторите за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прослава на Денот на македонската револуционерна борба, побараа демократски конгрес на кој членовите ќе изберат нов лидер на партијата.

-ВМРО-ДПМНЕ со изградба на Белиот дворец го напушти идентитетот од народна партија и стана елитистичка партија, што беше причина за големо разочарување кај членството. Затоа најавуваме дека ќе го напуштиме тој елистистички концепт и ние по реформите ќе ја напуштиме таа зграда и повеќе нема да биде наше седиште – рече Александар Михајлоски од иницијативата за реформа на ДПМНЕ.

Тој истакна дека изминативе години раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски наместо да го негува идеалот за слобода и правда, ја гушеше слободата правеше големи неправди.

Поврзани новости