Вмровци барале организирање на контра-протести

by Фокус

Премиерот Никола Груевски вечерва гостуваше на вестите на Сител и рече дека му стигнувале многу пораки од членови на ВМРО-ДПМНЕ со барање тие да се саморганизираат и да го изразат револтот од протестите против полициската бруталност, кои започнаа вчера.

-Тоа не треба да се прави, треба да се биде смирен, мудар, разумен. Не треба да се влегува во сценариото на Заев, рече Груевски.

Според него, кризата треба да се реши со транспарентна постапка и преку дијалог во парламентот. Груевски рече дека тој знаел на кој начин биле добиени снимките кои ги објавува СДСМ, а сега тоа требало да го препознаат институциите и јавноста.

Тој уште еднаш обвини дека протестите за затскривањето на убиството на Мартин Нешковски се организирани од опозициската СДСМ.

 

Поврзани новости