Протести за Мартин Нешкоски и во Битола

by Фокус

Во знак на солидарност и поддршка на протестите во Скопје попладнево на Широк сокак во Битола се собраа повеќе стотини граѓани. И битолчани побараа одговорност од надлежните за прикривање на убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски, кое се случи пред четири години во Скопје.

Протестите на Широк сокак, како што јавуваат нивни учесници се одвиваат мирно. Во меѓувреме во Скопје демонстрантите се пред зградата на Парламентот, откако полицијата не им дозволи пристап пред Владата.

Поврзани новости