Коалицијата ВМРО за Македонија ќе обезбеди бесплатно лекување во странство за сите граѓани, вети денеска Стојанче Ангелов пред жителите на скопската населба Ѓорче Петров.
Освен тоа, Коалицијата најави нов закон за поголеми права на бранителите на државата и заштита на сите кои претрпеле штета од војната во 2001.
– Во нашата програма има посебно поглавје посветено на бранителите од татковинската војна во 2001 година. Ние ќе ги реализираме точките од нереализираниот Закон за бранители и да се донесе нов закон со кој јасно ќе бидат опфатени сите бранители, но и жртвите од татковинската војна, инвалиди од таа војна, нивните семејства и други директно или индиректно засегнати лица. Македонија не смее да ги заборави хероите – порача Љубе Бошкоски, носителот на листата кандидати за пратеници од коалицијата „ВМРО за Македонија“ во Петтата изборна единица