Заев: За три дена заедно ќе го славиме новиот живот!

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз на претпоследната вечер од изборната кампања организираше голем митинг во Струмица. Тука, лидерот Зоран Заев најави сигурна победа на 11 декември и ги повика граѓаните да го дадат својот глас за слобода.

-Ќе му докажеме на целиот свет дека овде има слободни луѓе и демократи, кои на 11-ти декември ќе го искористат најсилното оружје на 21 век, а тоа е ГЛАСОТ. Со заокружување на бројот 4 ќе си го вратиме животот, ќе си го вратиме достоинството… Ајде сите заедно да ја турнеме Македонија да оди напред со повисоки плати, со правда за сите, со власт која ќе работи за своите граѓани и својата држава- порача Заев.

Тој ги охрабри вработените во јавната администрација да се одважат за своите права, да не се плашат и да изберат промена.

Поврзани новости