ВМРО-ДПМНЕ тврди дека немало средба меѓу Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, демантирајќи ја објавата во „Фокус“ дека, наспроти тоа што официјално сите негираат, високи партиски извори неофицијално велат дека двајцата партиски лидери се сретнале пред еден месец.
„Станува збор за невистинита информација произлезена од кујната на ДУИ и СДС кои се загрижени за се помалата поддршка. Средба помеѓу Мицкоски Ахмети немало.
Уплашени од промените кои следат и правдата со која ќе се соочат ДУИ очигледно своите желби за доближување ги правда преку лажни информации кои не можат да ја заменат вистината“, реагираат од опозициската партија.
Инаку, ДУИ почна да промовира став за споени избори во време кога СДСМ и ДУИ преговараат како да настапат на изборите, но и во време кога појавија неофицијални информации за обновена комуникација меѓу ВМРО и ДУИ, па дури и за средба меѓу Ахмети и Мицкоски.
Како што објавивме, тие се сретнале во август за време на посетата на Габриел Ескобар, но дали тоа е последната средба меѓу нив или оттогаш имало макар уште една пред еден месец?
В.С.