ВМРО реагира – журките на ДУИ се префрлија во Собрание и Влада, а од ДУИ враќаат- нашиот помал партнер да не се вознемирува

by fokus

СДС и ДУИ од изборот на Талат Џафери во Собранието направија приватна партиска журка на државен трошок, со злоупотреба на ложата во собраниската сала, како и просториите на македонскиот парламентарен дом, а секако не изостана и злоупотребата на службените возила. Сето тоа платено од народните пари, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера беше јасно дека приватните забави на Груби со пајташите од ДУИ од канцелариите во министерството, вчера се префрлија во Собранието, а од денеска веројатно ќе снимаат журки во Влада. Од СДС коишто ја подарија државата за уште неколку дена да задржат три фотелји, со денови се храбреа дека нема да гласаат за владата, за потоа беспоговорно да се нацртаат за Талат Џафери. Нив овие девијации и злоупотреби не ги засегаат, исто како и злоупотребите на Собранието и на Владата, се додека ДУИ им овозможува уште неколку дена криминал,

Реагираа и ДУИ кои во реакцијата со наслов, нашиот помал партнер во Владата ВМРО ДПМНЕ, да не се вознемирува многу, велат дека нашата држава е во сигурни раце.

-Денешните пропагандистички и панични реакции на нашиот помал партнер во владата, ВМРО ДПМНЕ служат само за за поттикнување на забуни и се во функција на нивната кампања на сеење страв преку лажни вести. Недржавничкото постапување во Собранието на опозицијата докажа дека ВМРО ДПМНЕ не го почитува ниту граѓаните, ниту законите, ниту Уставот, се вели во нивната реакција.

Али Ахмети со сопартијците вчера славеше за изборот на Талат Џафери за премиер на преодната влада.

 

Поврзани новости