Добивме историски најниска камата исто така добивме и историски најголемо задолжување од половина милијарда евра и оттука произлегува длабоката загриженост што никој досега не дава објаснување како и на кој начин ќе се врати главницата на денот на доспевањето, реагираше денеска ВМРО-НП.
– Според нас помал проблем е каматата, големиот проблем е глвницата! Меѓутоа тоа е прашање за идните генерации кои не се виновни за ваквото неразумно задолжување на владата на Република Македонија а ќе ги одплаќаат долговите што произлегуваат од нејзиното погрешно работење.Ваквата пракса на владата на за враќање на долгови со нови поголеми задолжувања дополнето со ниската продуктивност на македонската економија која не е способна да создаде реални извори на средства за враќање на долговите според економската наука неминовно води кон целосен банкрот на државата – велат од партијата на Љубчо Георгиевски.