Италијанска министерка на средба прво со Груевски, па со Шекеринска

by Фокус

Премиерот Никола Груевски во Владата, додека заменик-претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска во Италијанската амбасада денеска ќе се сретнат со министерката за надворешни работи на оваа земја-членка на ЕУ, Федерика Могерини. Претходно министерката се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов.

Средбата со Груевски беше закажана во 12 и 45, додека онаа со Шекеринска е предвидена час и половина подоцна.

„Министерката Могерини, истакна дека Италија како претседавач со Европската унија дава целосна поддршка по однос на евро-атлантските интеграции на Македонија, додавајќи дека проширувањето останува високо на агендата на италијанското претседателство. Таа ја истакна подготвеноста на Италија да помогне во интеграцијата на земјите од регионот во Европската унија и во НАТО и изрази надеж дека за време на шестмесечното претседателство ќе биде направен чекор напред во интеграцијата на Република Македонија“, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државава.

Поврзани новости