Новинарскиот синдикат ги подржа професорите што штрајкуваат со глад

by Фокус 11:21
11:21

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници изразува солидарност и поддршка во борбата на професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски кои се одлучија на штрајк со глад да ги остварат своите работни права, се вели во денешното соопштение на ССНМ.

SSNM

- Advertising -
"

„ССНМ ја поздравува и одлуката на СОНК да им се приклучи на своите колеги и заедно да извршат јавен притисок врз ректорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ да го спроведе законот и решението на Државната просветна инспекција во кое беа утврдени неправилности во делот на критериумите за избор на професорите во оваа високообразовна институција. Бараме наставно научниот совет итно да ја преиспита својата одлука да не ги прифати позитивно оценетите рецензии за тројцата професори со што ги загрози нивните работни места како вонредни професори на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, се вели во писмената реакција.

Синдикатот на новинарите вели дека е разочаран и згрозен што за остварување на своите работни права универзитетските професори мораа да пристапат кон најрадикалната форма на протест, штрајк со глад и воедно апелира до сите надлежни да го свртат вниманието и кон нивната здравствена состојба која сериозно се влошува.

Поврзани новости