Од ВМРО-НП велат дека Владата пред неколку дена потишала договор за изградба на два факултета на УКИМ во вредност од 20 милиони евра, иако имало и понуда од 13 милиони евра со истите услови.
ВМРО-Народна партија јавно сака да му соопшти на истото Министерство дека ја имаме кај нас понудата од фирма која е подготвена да го потпише истиот договор за сума од 13 милиони евра. Значи, со комплетно истиот договор, Министерството има прилика да заштеди 7 милиони евра од буџетот и со заштедените средства да изгради уште 3 станбени згради плус договорената од подолу споменатиот тендер, во касарната Илинден за потребите на офицерите“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.
Според партијата, Владата , и покрај бројните критики, ништо не направила за поголема транспарентност и поголема заштеда на буџетските средства.