СДСМ бара оставка од градоначалникот на Скопје поради сечењето на дрвата

by Фокус

-Додека граѓаните со денови се гушат во нечист воздух, извршителот на Никола Груевски, Коце Трајановски, продолжува со масакрот на дрвата во Скопје! Подмолно и безобразно, во 2:30 часот после полноќ исечени се децениски 47 дрва во кампусот на Универзитетот свети Кирил и Методиј. Коце Трајановски, извршителот на Никола Груевски мора веднаш да си поднесе оставка, бараат од СДСМ.

Од опозициската партија потсетуваат дека извештаите на Светска банка посочуваат дека поради огромната изложеност на граѓаните во Македонија на загаден воздух и канцерогени честички годишно има 1.350 смртни случаи поради болести на дишните патишта и рак.

-За Никола Груевски најважни се барокните тендери и бизнисот на фамилијата. Здравјето на граѓаните, зеленилото, за Никола Груевски е неважно. Груевски остана глув на негодувањата, реакциите на студентите и граѓаните за задржување на стариот изглед и прекин со плановите за изградба на барокни факултети, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости