ВМРО-НП: Советникот на Ахмети се прогласи за основач на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

ВМРО-Народна партија ја поздравува храбрата одлука на  Бранислав Синадиновски, кој е специјален советник на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, истовремено да застане на чело на Иницијативниот одбор за формирање на Албанска Православна Црква во Македонија, како прв чекор во остварување на правата на православните Албанци. Тој ова го најави при промоцијата на својата книга „Православните Албанци во Македонија“ за време на свеченоста за празникот посветен на Денот на албанското знаме.

– ВМРО-Народна партија го прашува иницијаторот, зошто дури сега се охрабри да го објави неговото етничко потекло и да напише книга со ваква тематика, со која целосно го негира своето досегашно обемно творештво од областа на историјата и идентитетот на македонскиот народ. Низ македонската историја поминале повеќе таканаречени жртви на системот од типот на Бранислав Синадиновски, Матеја Матевски и други, кој едно пишувале, а длабоко во себе прикривале нешто сосема друго. Од ова произлегува суштинското прашање, кој е вистинската жртва на системот, дали тие или македонската нација и нејзиниот идентитет – се наведува во соопштението на ВМРО-НП.

Од партијата ги потсетуваат граѓаните, особено раководството и членовите на ВМРО-ДПМНЕ, за содржината на книгата напишана од Синадиновски, а по повод 20 годишниот јубилеј на партијата, во која тој се самопрогласува за основач на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа голема лага, која досега не е демантирана од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно му одговара на сегашното раководство, кое по секоја цена сака да ја прикрие вистината за единствениот легитимно признат  основач на партијата, Љубчо Георгиевски. Ние предлагаме, таканаречениот основач на ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти функцијата специјален советник на Али Ахмети, да ја превземе функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и со актуелната функција претседател на Иницијативниот одбор, целосно да ги оствари барањата на православните Албанци во Македонија – се наведува во соопштението на „народњаците“.

Поврзани новости