ВМРО-Народна партија повикува на целосна согласност од сите политички партии со предзнак ВМРО, доброволно да се откажат од понатамошно користење на овој предзнак, со што ќе се оневозможи злоупотреба на името, од страна на партиите за дневно политичко партиски интереси и засекогаш светоста на ВМРО ке остане недопирлива.
– Само на ваков начин може да се заштити ВМРО и изворната идеологија втемелена на денешен ден, 1893 година. Ова ќе овозможи идните генерации неоптоварени и без пристрасност да искажуваат вистински пиетет и длабоко поклонение кон сето она што ВМРО го направи за посветла иднина на Република Македонија.Своите ѕвездени мигови ВМРО ги достигна во раните 90-ти години од минатиот век, со исполнување на заветната цел на основачите, за создавање на суверена, независна и самостојна држава. Со тоа се создадоа реални услови, Република Македонија да добие легитимитет за конечно интегрирање во евроатлантските асоцијации – се наведува во соопштението од партијата.
Според ВМРО-НП со тоа ќе се надмине и постојано оспорување, компромитирање на името ВМРО, обесчестување на идејата и искривување на вистината за значењето и улогата на историското ВМРО, од страна на поедини партии и политичари, квази историчари и други јавни личности и институции.
– Но, мораме да истакнеме дека најголемата опасност за ВМРО се внатрешни членови во партијата и високи раководители кои немаат никаква допирна точка со изворната идеологија, а четирите свети букви на ВМРО ги употребуваат во пропагандни цели и за лично напредување и кариеризам“, стои во честитката која од оваа парија ја упатија до своите симпатизери и граѓаните – пишува понатаму во соопштението.