Кежаровски им се заблагодари на колегите за поддршката

by Фокус

Новинарот Томислав Кежаровски денеска пред Музејот на ВМРО им се заблагодари на своите колеги кои пред две години на ова место протестираа за негово ослободување.

– На 21 Октомври 2013 година бев осуден на 4,5 години затвор поради, наводно, одавање на идентитет на заштитен сведок. Два дена подоцна колегите организираа протест на Плоштадот пред Музејот на ВМРО.

Тие го кренаа гласот против одлуката на Судот. Тогаш не бев во можност да бидам со нив. Бев во затвор. Не бев во можност ниту лани кога се одбележуваше една година од настанот, бев во куќен притвор.

Затоа сега, на овој ден, ќе појдам таму каде што полицијата крена рака на новинарите, каде што полицијата крена рака на слободоумниот човек. Ќе појдам таму каде што некој сакаше да го замолчи народот –  стоеше во повикот објавен на фејсбук профилот на новинарот Кежаровски.

Пред две години, на овој ден, новинарите во знак на револет поради затвосрската казна за Кежаровски излегоа на протести пред Музејот на ВМРО, каде што г пречека кордон полиција, која не ми дозволи да се приближат до Музејот.

Фото: Нова

Поврзани новости