467
Мајка и нејзиното бебе починале при породување во болницата во Гевгелија. Директорот на гевгелиската болница го потврди случајот и информираше дека била повикана полиција, пренесува Плусинфо.
Нема информации за причината поради која се случила оваа трагедија.Телото на мајката и бебето се предадени на обдукција.
Полицијата ја потврди инфрмацијата и соопшти дека станува збор за Маја Х. од Дојран.