444
ВМРО – Народна партија ја поздрави иницијативата на МПЦ-ОА за ослободување на Јован Вранишковски, поглаварот на ПОА.
„Повеќе години укажувавме дека судските процеси против владиката Јован Вранишковски со кои беше осуден на повеќегодишна казна затвор, се мотивирани од политички побуди. ВМРО-Народна партија и денес го задржува истиот став за случајот Вранишковски и заради тоа ја поздравуваме иницијативата за негово итно ослободување. Со исти квалификации за неговото затворање пред неколку месеци, се изјасни и Стејт Департментот, кој побара ослободување, на кои Владата и надлежните институции останаа глуви, а сега под притисок на Руската Православна Црква, веднаш благонаклоно да реагираат“, соопштија од НП.