Загубарите од ЕМО-Охрид протестираат пред Собранието

by Fokus

Околу 200 вработени во некогашниот охридски гигант, сега загубар ЕМО, од Охрид, по понеделничкиот протест во својот град, во моментот протестираат и пред Собранието во Скопје. Со транспаренти „Ние сме гладни“, „Борба за здравје и достоинство“, како и „Грујо нахрани го својот народ“, тие ги побараа своите заостанати плати и побараат да им се платат придонесите.

– Ветувања има премногу, но нема ништо од тоа до сега.Се обративме до повеќе институции, последно беше разговорот во Скопје со министерот за економија каде што стопанството односно ЕМО припаѓа под тој ресор. Беа посочени сите проблеми, сите оние маки, сите оние негативности кои што менаџерскиот тим во АД ЕМО и капиталните друштва поврзани со него го прават се со цел да ја разнебитисаат целиот имот на фирмата. Ние не бараме ништо друго освен да ни се исплатат сите заостанати плати и придонеси и да ни се реши статусот каде ќе бидеме утре,  изјави претседателот на Синдикатот на ЕМО, Миле Крстаноски.

Загубарот ЕМО од Охрид кој е во државна сопственост, доживеа неколку обиди за продажба, но заврши раситнето во неколку мали друштва кои не успеваат успешно да работат. Вработените со месеци не земаат плата, а загубите само се трупаат.

 

Поврзани новости