ВМРО-Народна партија изразува голема загриженост за тоа во која насока се одвиваат настаните поврзани со судскиот процес наречен „Пуч“ и истакнува дека зачудува мистериозноста и отсуството на било каква законска основа и сериозна аргументација за повеќепати одложување на процесот.
„Судската расправа по овој процес да даде јасен одговор кои структури и институции нелегално прислушувале огромен број на граѓани, притоа загрозувајќи им ги основните човекови права на приватност и личен интегритет. Во едно демократско општество кое тежнее да биде член на ЕУ и каде владеат високи стандарди и критериуми за човековите права и слободи, нелегалното прислушкување претставува најтежок облик на загрозување на истите. Расветлувањето на ова прашање е поголема демократска придобивка отколку сите поведени судски процеси заедно поврзани со нелегалното прислушување“, се наведува во соопштението.