ДУИ повикува на протест против крстот во Бутел, ДПА бара Албанците да не паѓаат на провокации

by Фокус

Поддржувачите на ДУИ денеска во 17 часот ќе излезат на мирен протест заради поставување на 52-метарскиот крст во општина Бутел, најави чаирскиот градоиначалник Изет Меџити, кој воедно е потпретседател на „интегративците“.

– Одлуката на општина Бутел за поставување на крстот има единствена цел, преку инструментализација на верата за политички цели, да провоцира и произведе етнички тензии и етнички судири во Македонија – рече Меџити.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пак, им порача на граѓаните да не паѓаат на, според него, овие провокации на коалициските партнери во владата.

– Мислам дека тоа е веќе видена игра на двајцата партнери секогаш пред избори да се спечали некој политички поен, а тоа не е добро. Пораката до ДУИ е дека сите овие проблеми би требало да се решаваат во институциите на системот – рече тој.

Поврзани новости